Македонија 24. декември 2020. / 09:15

Заев за настаните во Собранието од пред осум години: Никогаш не треба да се повтори

Заев за настаните во Собранието од пред осум години: Никогаш не треба да се повтори

Премиерот Зоран Заев на Фејсбук се осврна на настаните од пред осум години на денешен ден во Собранието и напиша дека такво нешто никогаш не треба да се повтори.

„Слободата и демократијата немаат цена. Пред осум години, на денешен ден беше нападната македонската демократија, пратениците и Собранието под удар на режимската репресија. 24 декември, црниот понеделник е паметник за вистинското лице на насилничката, режимска матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Таквиот однос кулминираше години подицна, на 27 април, со насилниот упад во законодавниот дом и обидот за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието. Денеска, осум години подоцна многу работи се променети во нашата татковина. Собранието денеска е дом каде царува дебатата, а не насилството. Ја живееме слободата“, напиша Заев.

Според него новинарите слободно и независно известуваат, пратениците слободно работат, без стрв од упади и насилни исфралања.

„Редот, правдата и дисциплината се нови вредности. Денес, кога живееме во слобода, во демократија и еднаквост испраќаме порака, датумите како 24 декември да останат врежани во колективната свест, за да потсетуваат на погрешното. Никогаш да не се заборави црниот понеделник и да не се повтори. Режим – никогаш повеќе!“, додава Заев.

Слободата и демократијата немаат цена.

Пред осум години, на денешен ден беше нападната македонската демократија,…

Posted by Zoran Zaev on Wednesday, December 23, 2020