Македонија 24. April 2019. / 15:26

Заев: За нас е поглавар оној кој го утврдува Уставот и законите

Заев: За нас е поглавар оној кој го утврдува Уставот и законите

Во врска со проблемите во ИВЗ, денес премиерот Зоран Заев изјави дека негова работа е да им служи на граѓаните, а на реисот е да им служи на граѓаните од исламската верска заедница и порача дека треба да соработуваат меѓусебно и дека никој не треба да се меша во политиките на верските заедници.

Владата нема да се меша во верските заедници, па така е и во ИВЗ. Од министерот Спасовски знам дека беше побарана асистенција, имаше испратено 3 полицајци. За нас е поглавар оној кој го утврдува Уставот и законите на исламската верска заедница. Владата нема да се меша, јасен е секуларниот карактер на државата. Вчера МВР било повикано од двете страни, постапиле внимателно. Луѓето си ги кажаа аргументите, нагласи Заев, и додаде дека не е повикан за да коментира кој е реис.