Македонија 11. септември 2020. / 17:37

Заев за државната администрација: И да не е добар работник ако седи 8 часа ќе смисли да сработи нешто

Заев за државната администрација: И да не е добар работник ако седи 8 часа ќе смисли да сработи нешто

Премиерот Зоран Заев вели дека огромен процент од државната администрација не си ја изработува платата која ја зема, во синоќешното гостување во емисијата „Отворено студио“ на националниот сервис МРТВ. Тој кажа дека луѓето му замеруваат дека администрацијата не работи, а и самиот се пожали дека административците не седат на работа 8 часа, колку што им е работното време.

Не може сабајле од 8 саат, или 8 и пол, одиме кафето да го испиеме, муабет, весник да прочитаме, да искоментираме и надвор. Замеруваат луѓето, ни кажуваат администрацијата ви шета, не работи, а најголем дел од парите од буџетот одат за администрација. 8 саата е работно време, значи и да не е добар работник, ако седи 8 саата работно време, па ќе смисли, ќе сработи некој предмет повеќе, кажа Заев.