Премиерот Зоран Заев во интервју за МИА вели дека нема да има дипломатски булдожери меѓу Македонија и Грција за спорот за името.
Тој нагласи дека за решение вреди да се жртвува и политичката кариера. Премиерот најавува средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас, а ја потврди и средбата на 12 април меѓу министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас.
-Кога ќе ја слушнете најавата за средба Заев и Ципрас да знаете дека сме тука со достоинственото решение за државата- порачува премиерот.