Македонија 21. мај 2020. / 13:02

Заев за брзи избори: Сам против граѓаните, меѓународната и партнерите

Заев за брзи избори: Сам против граѓаните, меѓународната и партнерите

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, останува сам во желбата за брзи избори. И граѓаните и меѓународната и партнерите се изјаснија дека брзи избори во состојба во која се наоѓа Македонија не е добра идеја.

Но, очигледно е дека претседателот на СДСМ Зоран Заев е решен да тргне спротивно од волјата на народот. Лидерите на партиите му порачаа дека сега не е време за избори, а сега последна потврда дојде  и од најповиканите, а тоа се граѓаните –  да кажат дали сакаат да излезат на гласање.

На последната анкета направена од Институтот “Habeas Corpus” дури 74 проценти од граѓаните  се против брзи  избори во јуни. Ова несомнено кажува дека граѓаните многу подобро од Заев ја разбираат сериозноста на состојбата и оти не може да се оди на избори кога секојдневно има заразени и починати.

Јасно е дека е лудост да се оди на избори кога можноста да се заразиш на самото гласачко место. Во Македонија има околу 3.000 гласачки места на кои е неопходно во секој момент да има по десетина лица кои го спроведуваат гласањето. 12 часа во денот во просторијата ќе влегуваат гласачи и можноста од зараза се зголемува.

Наивно делуваше објаснувањето на власта дека на избори ќе се оди со маска и дека „малку“ ќе биде тргната кога ќе треба гласачот да биде идентификуван. Анкетата на “Habeas Corpus” јасно покажува  дека граѓаните нема да излезат на гласање со маски и ракавици.

Избори треба да има, ама кога ќе дозволат условите,- со ваков став  за „360 степени“   излезе и амбасадорката на САД, Кејт Брнз. Таа истакна  дека техничката влада има ограничен мандат и дека требаше да биде на власт во ограничен период пред избори.

-Од перспектива на САД, разумно е да се очекува избори да се одржат веднаш штом дозволат условите, имајќи ги на ум здравјето и благостостојбата и на гласачите и на членовите на избирачките одбори. Ние не предвидуваме нова политичка криза. Моментално има техничка влада. Оваа влада требаше да биде на власт во ограничен период пред да се одржат избори. Невидена меѓународна пандемија принуди одлагање на оригиналниот датум се додека условите дозволат изборите да се презакажат. Техничката влада има ограничен мандат и нема функционален парламент. Потребни се целосно овластена влада и функционален парламент веднаш штом дозволат условите, вели американската амбасадорка.

Од својот став за брзи избори ретерираше и Билал Касами, колалицискиот партнер на Зоран Заев.  Лидерот на Беса,  во изјава за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ оцени дека може да се постигне договор за датум за избори и порача дека ако не јуни или август, тие би можеле да се одржат на почетокот на јули.

Со овие бројки очигледно е дека Заев сака брзи избори само за спас на фотелјата.

 

 

.