Откако Економски Лидер ја објави аудио снимката, каде што градоначалникот на Шуто Оризари, Дудуш Курто, тепа, се заканува и противправно лишува од слобода човек. Денес премиерот Зоран Заев во интервју за Сител го прокоментира тој настан.
Не само што реагирав лично туку и јас сум згрозен. Секако тоа е видео снимка која што се појавила на социјалните мрежи, ја видоа сите, ја видов и јас, внимателно ја ислушав. Оставам органите на истрагата да го потврдат тоа. Јас апелирав да се истражи. Законот мора да важи за сите. Секако ако се потврди при истрагата ако тоа е точно, треба да се носи одговорно. Секако јас сум првиот што ќе побара од него да си поднесе оставка изјави премиерот за скандалот со градоначалникот на Шуто Оризари Дудуш Курто.