Македонија 04. јули 2019. / 13:17

Заев за амнезијата на Тамара: Се случуваат пропусти тоа е ненамерна грешка

Заев за амнезијата на Тамара: Се случуваат пропусти тоа е ненамерна грешка

И премиерот Заев со став за пропустот на Тамара Тодевска при изведбата на македонската химна во амбасадата на САД. Тоа што Тамара се извинила, според претседателот на владата е доказ дека тоа е ненамерна грешка

Се случуваат пропусти. Секако, нашата химна се пее секој ден, насекаде. Апсолутно, тоа само потврдува дека се работи за ненамерна грешка и пропуст, за кој се извинија самите организатори, но и изведувачот, изјави Заев по денешното отворање на фабриката за месни производи на компанијата „Тиамо“ во општина Сарај.