Македонија 27. јануари 2021. / 12:43

Заев во сеќавање на Холокаустот: Никогаш да не се заборави, никогаш да не се повтори

Заев во сеќавање на Холокаустот: Никогаш да не се заборави, никогаш да не се повтори

Засекогаш нека свети огнот на сеќавањето на Холокаустот, кој го одбележуваме секоја година на 27 јануари, во помен, чест и слава на 7 милиони еврејски мајки и ќерки, татковци и синови, пријатели и соседи – кои ги загубија своите животи во фашистичките логори на смртта, објави премиерот Заев на Фејсбук по повод Меѓунардониот ден на сеќавање на Холокаустот – 27 јануари.

– На овој ден, и на секој друг, да повторуваме „Никогаш да не се заборави, никогаш да не се повтори” и да ги чуваме спомените и на нашите 7.200 сограѓани кои од Скопје, Битола и Штип, во вагоните на смртта беа депортирани во Треблинка, наведува Заев во објавата.

Засекогаш нека свети огнот на сеќавањето на Холокаустот, кој го одбележуваме секоја година на 27 јануари, во помен, чест…

Posted by Zoran Zaev on Wednesday, January 27, 2021

Премиерот натаму истакнува дека сеќавањето на нив треба секогаш да нѐ потсетува дека тишината и молкот можат да биде соучесник на злото и дека наша должност во секоја ситуација е да се спротивставуваме на секоја форма на фашизам, фанатизам, расизам, ксенофобија и геноцид.