Македонија 10. април 2020. / 10:53

Заев: Во самоизолација сум во мојот дом, немам симптоми

Заев: Во самоизолација сум во мојот дом, немам симптоми

Лидерот на СДСМ Зоран Заев преку неговиот фејсбук профил потврди дека е во самоизолација поради контакт со заболен од корона вирусот.

Како што вели Заев, се чувствува добро и го чека резултот од направениот тест.

Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е позитивен на Ковид-19. Иако во текот на интервјуто ги преземавме сите заштитни мерки како избегнување контакт и одржување дистанца, согласно сите протоколи, од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица. Немам симптоми, денеска се тестирав за присуство на вирусот и резултатите ги очекуваме во текот на денот – по што ќе се утврдат следните чекори – напиша Заев.