Македонија 08. септември 2019. / 14:37

Заев во поетски елемент: Нашата земја како школка се отвора пред Европа, а бисерот од нејзе почнува силно да сјае

Заев во поетски елемент: Нашата земја како школка се отвора пред Европа, а бисерот од нејзе почнува силно да сјае

Оваа наша земја, која наликуваше на затворена школка, конечно се отвора пред Европа и светот и добива можност да ја покаже својата вредност и бисерот од школката почнува силно да сјаје, рече премиерот Зоран Заев на прославата на Денот на независноста во Скопје.

Денот на независноста – 8 септември 1991 година ни покажа дека слободата и самостојноста ги имаат најубавите бои. Дека радоста, среќата и убавината што ја преплавија тогаш нашата татковина треба да ги паметиме и да ги носиме со нас секогаш кога ќе се соочуваме со искушенија и опструкции на нашиот пат. Тоа се нашите бои, боите на независноста и на слободата, порача Заев од прославата која под мотото „Боите на независноста“ се одржа кај Школка во Градскиот парк во организација на Владата.

Тоа, како што кажа, се боите кои Социјалистичка Република Македонија ја прогласија за независна Република Македонија.

Нашата татковина која денес го носи името РС Македонија. Земја која станува членка на НАТО и се интегрира во ЕУ. Тоа е нашата земја нашата убавина под различности, истакна Заев.

Оваа година, како што рече, заеднички го прославуваме овој голем празник облечени во најубавите бои, во боите што самите ќе избереме и гордо ќе ги носиме, затоа што мозаикот е целосен само ако секое камче секој дел посебно си го наоѓа своето место во тоа наше заедништво.

Затоа градиме едно општество за сите, затоа секој е важен и затоа секој е одговорен тој наш мозаик нашата татковината да зрачи со силна светлина и со својата целина, истакна тој.

Денот на независноста – 8 Септември, како што рече, ќе остане запаметен како ден кога се обединивме за да ја заокружиме нашта државност и да избереме пат исполнет со меѓусебно разбирање среќа и просперитет.

Денес РС Македонија својата независнот ја потврдува во најмоќниот воено безбедносен сојуз – НАТО и како кандидат за членство во најсиланта економска заедница на светот ЕУ, истакна Заев.

Во своето обраќање тој посочи дека ова место – Школка како да има некаква симобилика со своето име.

Дваесет и осум години после независноста оваа наша земја која наликуваше на затворена школка конечно се отвора пред Европа и светот и добива можност да ја покаже својата вредност. Македонскиот бисер од школката почнува силно да сјаје. Од држава со многу проблеми и лоши односи со сите соседи сега сме позитивне пример модел што другите сакат да го следат, гордост европска, нагласи премиерот.