Македонија 29. март 2019. / 10:08

Заев во Охрид ќе се обрати на 20-тата годишна конференција на Македонската берза

Заев во Охрид ќе се обрати на 20-тата годишна конференција на Македонската берза

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасовски  денеска ќе престојува во Охрид

За време на престојот премиерот ќе се обрати на 20-тата годишна конференција на Македонската берза, а потоа придружуван од министерот Бектеши ќе прошета по охридската чаршија.

Попладне заедно со Бектеши и директорот на Царинската управа, премиерот Заев ќе изврши увид на тековната состојба и подготовките на новиот терминал на граничниот премин Ќафасан.