Зоран Заев во немоќ го прифати предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за предвремени парламентарни избори напролет, наместо во октомври идната година како што претходно викаше.
ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на партијата, Мицкоски веќе подолг период бараа предвремени парламентарни избори напролет, заради тоа што државата се движи во погрешна насока, нема реформи, економијата тоне, државата понижена и заради тоа што младите се повеќе заминуваат.
Заев пак во обид да ја манипулира јавноста што е можно подолго преку своите мегафони ја лажеше јавноста дека државата блеска и дека нема потреба од предвремени избори или доколку би требало да има тогаш тоа можело најрано во октомври 2020 година.
Тоа практично би значело дека тие не се предвремени, знаејќи дека изборите се одржуваат 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав, што во случајов значи дека секој термин од 1-ви октомври до 30 декември 2020 е термин за редовни избори.
Воедно исто така Заев на барањето на Мицкоски за предвремени избори викаше дека нема намера да исполнува желби за предвремени избори. Понатаму тој велеше дека датумот за почеток на преговори за членство во ЕУ нема врска со одржување на избори, односно без разлика дали ќе има датум нема да има предвремени парламентарни избори.
Но, сведоци сме дека сето тоа му беше само купување на време до самитот на Европската Унија за ако во случај имаше датум за почеток на преговори да направеше фама преку медиумите и тоа да го искористи во кампања за избори.
Бидејќи Македонија не доби датум, Заев во безидејност и не можејќи да избега од апатијата која ја создаде во државата попушти пред барањето на Мицкоски за предвремени избори напролет свесен дека целосно ја изгуби поддршката од македонските граѓани кои се повеќе довербата ја даваат на ВМРО-ДПМНЕ.
Впрочем тоа го потврдуваат сите релевантни анкети на кои ВМРО-ДПМНЕ, убедливо водат пред СДСМ, што значи дека повеќе од јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира идната влада, а Христијан Мицкоски ќе биде идниот премиер на Македонија.