Македонија 11. декември 2020. / 19:12

Заев во бугарска карикатура плаче кај Меркел

Заев во бугарска карикатура плаче кај Меркел

Проопозициот бугарски портал, terminalNO.bg, кој постојано за таргет, најчесто преку карикатури, ги има Бојко Борисов и коалициските му партнери, сепак објави една „антимакедонска“ карикатура.

На карикатурата на порталот terminalno.bg на авторот Чавдар Николов, се претставени „големите“ Ангела Меркел и Бојко Борисов, и „ситниот“ Зоран Заев, облечен во пионерска облека со карактеристичната црвена марама.

На карикатура, Заев, на 100% граматички точен македонски јазик , и се жали на тотално незаинтересираната Меркел, дека Бојко „повторно не оставил под фашистичка администрација“, што претставува и очигледна иронија на барањето на официјално Софија.

Линк до сајтот и карикатурата насловена како „Смешен плач“.