Македонија 18. декември 2020. / 14:54

Заев: Во 2021 ќе започне процесот за отворање на почесен Конзулат во Корча

Заев: Во 2021 ќе започне процесот за отворање на почесен Конзулат во Корча

Претседателот на Влада, Зоран Заев, најави започнување на постапка за отворање на почесен Конзулат во Корча, во текот на 2021 година, подвлекувајќи дека тој ќе биде од особена важност и ќе претставува нова алка од повеќекратно значење за Македонците кои живеат во овој дел од Република Албанија.

Заев денеска, при посетата на Општина Пустец, Мала Преспа во Албанија, го посети заедничкото основно и средно училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓоргијовски“ кадешто најави започнување на постапка за отворање на почесен Конзулат во Корча.