Македонија 26. март 2019. / 19:28

Заев: ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат виновни ако не добиеме датум за преговори со ЕУ

Заев: ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат виновни ако не добиеме датум за преговори со ЕУ

Премиерот Зоран Заев на вечерашниот дуел со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски потенцира дека, ВМРО-ДПМНЕ повторно сака да ја блокира државата за добивање на датум за преговори со Европската Унија.

Спорен момент е иднината на Специјалното јавно обвинителство.

Заев истакна дека предлогот СЈО да биде посебно одделение во рамките на Јавното обвинителство, треба да биде прифатен од опозицијата.

Од друга страна Мицкоски инсистира дека не треба да има разлика во платите на јавните обвинители, дека постоечката структура на СЈО не е ефикасна, па затоа треба предметите за висок криминал и корупција да бидат дел од постоечкото обвинителство.

Заев потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ ги блокира реформските процеси, па затоа е можно да не се добие датум за преговори со ЕУ.

Мицкоски кажа дека власта го користи СЈО за политички притисоци и ако Владата сака фер процес треба да ги прифати амандманите на опозицијата.