Македонија 31. март 2020. / 22:51

Заев: Владата прифати и усвои голем дел од економските мерки што ги предложив

Заев: Владата прифати и усвои голем дел од економските мерки што ги предложив

Донесени се важни одлуки, државата ги спасува работните места на граѓаните! порача лидерот на СДСМ Зоран Заев, откако Владата денеска го промовираше вториот сет на мерки за поддршка на стопанството.

-Драго ми е што денеска Владата на Северна Македонија прифати и усвои голем дел од економските мерки што ги предложивме јас и економскиот тим на СДСМ, но и донесе дополнителни мерки.

Ова се сериозни чекори кои ќе значат зачувување на работните места на граѓани во фирмите погодени од кризата со коронавирусот, мерки што ќе значат гарантиран приход кај секој работник додека трае кризата.

Ова се мерки вредни 200 милиони евра, мерки на солидарност, на меѓусебно помагање во тешки ситуации, ова се мерки за помош на секое семејство, мерки за помали трошоци на секое домаќинство додека трае кризата.

Денес, сите ние поединци, целото нашето општество, нашата економија, сите сме ставени пред важен тест. Тој тест ќе го положиме само ако сме солидарни, ако си помагаме еден на друг.

Само така ќе излеземе победници од овој здравствен и економски предизвик. Сите сме заедно во оваа криза и само заедно ќе излеземе од неа. Заедно ќе ги пребродиме последиците, а потоа заедно ќе продолжиме кон развојот и напредокот.

Само здравје да има, ќе има и економски напредок, ќе има и развој, напиша Заев на Фејсбук.