Имено откако Али Ахмети денеска објави дека е време за премиер Албанец, реплицираше Заев со уште една изјава лага која според многумина граѓани на социјалните мрежи не е за верување.
Заев во изјава за телевизија 21 вели дека „во нашата земја мандатар за претседател на Влада може да биде секој граѓанин кој ќе обезбеди поддршка од најмалку 61 пратеник“.
-Доколу СДСМ победи на изборите , јас сум кандидатот за претседател на Влада и ќе бидам премиер кој еднакво се бори за подобар живот на сите граѓани на Северна Македонија, нешто што го докажав низ сите мои политики изминативе години.
Соодветно на тоа, доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада.“, вели Заев за телевизија 21.
Сепак јавноста е сведок дека ова е само уште една голема лага на Заев потсетувајќи се на лагите ветени во минатото.
Заев ветуваше и дека нема да има двојазичност, нема да го промени името, се колнеше дека идентитетот на Македонија е бетониран, нема да има промена на Уставот, како и ветувањето за 500-тини евра плата за сите.
Според експертите инаку ова што го прави Заев е дефокусирање на јавноста поради рекордната голема бројка на ново заразени лица.