Македонија 24. јули 2018. / 09:52

Заев вети: Татковината ќе ја биде – секогаш ќе сме македонски народ и ќе зборуваме македонски јазик

Заев вети: Татковината ќе ја биде – секогаш ќе сме македонски народ и ќе зборуваме македонски јазик

Премиерот Зоран Заев на Твитер вети дека ќе ги сочува националните интереси.

„Татковината ќе ја биде. Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО, а македонскиот народ вечно ќе биде македонски народ и вечно ќе зборува македонски јазик“, порача Заев.

Денеска се очекуваат нови разговори меѓу партиските лидери за конечен договор на референдумското прашање, како и за изборот на ДИК, но и реформските закони кои ги регулираат изборите меѓу кои Законот за Влада со Пржински принципи и новиот Закон за финансирање на политичките партии.