Македонија 04. јануари 2021. / 20:07

Заев вели има најава и за договор: Македонија ќе добие кинески вакцини во јануари?

Заев вели има најава и за договор: Македонија ќе добие кинески вакцини во јануари?

Во денешното гостување во Тема на денот на Сител премиерот Зоран Заев кажа дека има најави за 200.000 вакцини од Кина во јануари.

– Имаме најава и за договор со Кина за 200.000 вакцини. Тие најавуваат за јануари ама се уште не знаеме, допрва треба да ги разгледаме условите. Кина има 5 вакцини кои ги поминаа фазите на тестирање и веќе се дистрибуираат надвор од Кина и уште 2 кои што се во фаза на тестирање целосно потврдени од СЗО. За нас е тоа важно и важно е час поскоро да стигнат сите вакцини бидејќи ќе се намали притисокот, кажа Заев.