Македонија

Заев вечерва во Струмица го цитираше Борис Трајковски

Заев вечерва во Струмица го цитираше Борис Трајковски

Премиерот Зоран Заев на кампањата за референдумот, денеска се обрати на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица.

Тој пред граѓаните ги цитираше зборовите на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски, дека „сите споделуваме една иста судбина наречена Македонија“. Затоа, додаде Заев 30 септември е нов датум од модерната македонска историја и затоа заслужуваме да бидеме заедно сите.

Тој додаде дека дека сега прашањето е што можеме да направиме ние за Македонија, а не Македонија за нас.

Ја повика и опозицијата да се придружи и при тоа рече дека може да се бијат меѓу себе партиите по многу прашања, но заедно треба да застанат заради Македонија, заради децата, заради иднината на земјата.