Македонија 14. август 2019. / 15:47

Заев уверува дека ја почитува ЛГБТИ заедницата: Заедничко и фер општество за сите

Заев уверува дека ја почитува ЛГБТИ заедницата: Заедничко и фер општество за сите

Во денешното интервју за МИА, премиерот Зоран Заев рече „И јас и Владата, цврсто стоиме во одбрана на слободата на изразувањето, слободата на медиумите и во одбрана на човековите права на сите индивидуи во нашата земја. За мене и за Владата сите луѓе се еднакви. Не правиме разлики врз основа на верска, етничка, социјална, политичка, сексуална или каква било друга основа“, во одговор на новинарско прашање.

Заедно со сите граѓани посветено го градиме и ќе продолжиме да го градиме концептот на едно, заедничко и фер општество за сите. Владата цврсто стои на својата определба за недискриминација и за почитување на различностите на сите заедници во земјата, вклучително и ЛГБТИ заедницата. Во Северна Македонија нема веќе напади врз ЛГБТ лица, се одржа слободна и безбедна парада, а сексуалната определба е вклучена во измените на новиот Закон за антидискриминација, за кој опозицијата гласаше против – кажа Заев.

Тој вели дека не се прават разлики врз основа на верска, етничка, социјална, политичка, сексуална или каква било друга основа.

Зборувам за карактери на луѓе и нивно однесување. И како што од дно на душата ги почитувам и промовирам суштинските вредности на новинарската професија, а тоа се целосната слобода на говор, изразување и критика, така имам полно право да дадам и карактеристика дали некој суетно или со други намери креира впечаток во јавноста – рече премиерот Заев.