Премиерот Зоран Заев утре патва за Рим на работна посета на Италијанската Република, на покана на италијанскиот премиер, Џузепе Конте.
Премиерот Заев својата работна агенда на 29 октомври ќе ја продолжи во Брисел, каде на покана на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини, ќе учествува на нејзината проштална работна вечера со лидерите на земјите од Западен Балкан.