Македонија 10. јули 2019. / 21:24

Заев утре на средба со рускиот амбасадор, ќе се разговара и за руските комичари

Заев утре на средба со рускиот амбасадор, ќе се разговара и за руските комичари

Премиерот Заев утре ќе се сретне со рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, објави телевизијата 24 Вести.

Како што изјавил владин функционер за телевизијата, овој состанок бил договорен уште минатата недела, но тајмингот се поклопува со обајвувањето на разговорите на премиерот со руските комичари, кои му се претставија како поранешниот украински претседател Порошенко и генсекот на НАТО Столтенберг.

Се очекува овие случувања да бидат една од темите на утрешниот разговор.