Премиерот да се запише на курс по македонски јазик или да ги смени своите неписмени ПиАрџии што му пишуваат постови на Твитер, ова е еден од советите што ги доби Заев по честитката за финалето на лигата на шампионите во ракомет.
Наместо да напише “ракометарите на РК Вардар” Заев напиша како тие да излегле од реката Вардар. Твитер е место каде што не се забележува на слободниот говор но во случајов се работи сепак за премиер и човек кој најверојатно не знае ниту што е РК Вардар ниту ги знае основните правила на македонскиот литературен јазик.