Македонија 07. март 2021. / 12:26

Заев тврди дека спорот со Бугарија може да се реши: Ние сме за љубов, а не за војна

Заев тврди дека спорот со Бугарија може да се реши: Ние сме за љубов, а не за војна

Премиерот Зоран Заев во интервју за Слободен Печат вели дека спорот со соседна Бугарија може да се реши откако таму ќе завршат парламентарните избори.

-Ќе дадеме шанса на љубовта оти Борисов вели: „Ние не сме за војна, ние сме за љубов“. Ќе се изнајдат решенија. Тие имаат таму врв на демократријата – избори. Нека си изберат Влада, институции. Мај, јуни се пред нас додека да дојде Европскиот совет. Можеме да седнеме посветени водејќи грижа еден за друг, почитувајќи нашите посебности и да го најдеме решението.