Македонската Влада треба да даде согласност на текстот на договорот до 9 јуни. Ова е барањето што му било пренесено на премиерот Зоран Заев од страна на САД, дознаваме неофицијално од дипломатски извори, пишува МКД.МК.
Според неофицијалните информации, со договорот што бил постигнат за пакетот Илинденска Македонија се прави „размена“ – ерга омнес употреба на новото име, а за возврат останува македонскиот јазик и идентитетот. Но прашањето било дали во заградите (nationality) и (language) ќе стои ѕвезда * со објаснување дека станува збор за словенско потекло кој нема врска со потеклото на населението во грчка Македонија со што се врши разграничување.
Но, грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во синоќешното интервју за грчката телевизија ЕРТ рече дека на маса се останати три имиња, Северна, Горна и Нова Македонија, објаснувајќи дека македонската страна го отфрлила Вардарска Македонија, а познато е дека уште на стартот на преговорите Атина го отфрли Република Македонија (Скопје). Тој не сакаше да открие кое е договореното име и рече дека „тоа е вклучено во пакетот и ќе треба да го објават двајцата премиери). Коѕијас, исто така не одговори дали името е Северна Македонија, како што се шпекулира во медиумите.