Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на својот Фејсбук профил му оддаде почит на поранешниот претседател Борис рајковски, кој пред 16 години на денешен ден загина во авионска несреќа на владиниот авион во близина на Мостар во Босна и Херцеговина.
– Денеска се навршуваат 16 години од трагичната смрт на миротворецот Борис Трајковски, еден од потписниците на Охридскиот Рамковен договор во 2001. „Блажени се тие што градат мир…“ е дел од библиската порака од неговиот надгробен споменик, која е аманет за сите политичари – напиша Заев.
Заев смета дека Трајковски вечно ќе остане запаметен како чесен и доблесен, проевропски политичар, посветен на сите граѓани и на поголема регионална и меѓународна соработка на нашата држава.
– Ние продолжуваме да го следиме неговиот пример, градејќи мир, едно општество и соработка со сите наши соседи – Заев.