Македонија 25. декември 2018. / 22:11

Заев: Tочно е дека амнестијата ја правиме и за процесот на уставните измени

Заев: Tочно е дека амнестијата ја правиме и за процесот на уставните измени

Премиерот Зоран Заев рече дека е точно дека Законот за амнестија е донесен и со цел за да успее процесот на уставните измени, но и за помирување кое и било потребно на државата.

Ова го кажа во вечерашното гостување во емисијата „24 Отворено.

-Очекувам дека за овие одлуки јас ќе ја платам политичката цена. Под политичка цена мислам на избори. Граѓаните кажуваат и оценуваат на избори. Да, точно е дека амнестијата ја правиме и за процесот на уставните измени. Од Мицкоски имаме неодговорен однос, зарем не треба да се носат одговорни одлуки. Со профилот на законот се амнестираат пратениците и уметниците. Дурловски, влезе и ја пееше химната. Тој треба да се суди на 20 години затвор? Но, законот е и за да се постигне помирување, рече Заев.