Пред малку и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, преку својот фејсбук информираше дека резултатот од извршениот тест за КОВИД-19 е негативен, притоа посакувајќи му на уредникот на Канал 5, Гоце Михајлоски и неговото семејство брзо закрепнување.
Согласно утврдените протоколи останувам во самоизолација онолку колку што е потребно. Им благодарам на граѓаните, на сите, за поддршката што денеска стигнуваше од целата држава, но и од странство. Воедно упатувам силна поддршка до новинарите и медиумските работници кои во овој период се изложени на ризик вршејќи ја својата работа за навремено и точно информирање на јавноста што е од огромно значење. Граѓаните, сите ние мора да ги почитуваме мерките и задолженијата. Да седиме дома, да ја зголемиме личната хигиена и да ги намалиме физичките контакти. Само така оваа закана ќе ја пребродиме и полесно и побрзо. Зависи од сите нас. Чувајте се и следете ги препораките, порача Заев.