Премиерот Зоран Заев денеска телефонски разговарал со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Како што соопшти владината прес служба, тој изразил поддршка и честитки за успехот во понатамошна имплементација на Договорот од Преспа.
-Столтенберг ја поздрави храбрата, голема и државничка одлука на пратениците, и му пренесе на премиерот Заев дека во НАТО се среќни што Република Македонија продолжува напред, се вели во соопшштението и порачал дека НАТО останува фокусиран на завршување на процесот на интеграцијата на земјата во сојузот.
-Премиерот Заев во телефонскиот разговор со генералниот секретар на НАТО истакна дека одлуката во Собранието на РМ е силен импулс Република Македонија да продолжи силно напред, и дека охрабрувањето, поддршката и пријателството од НАТО сојузниците ќе има позитивно влијание да се зголеми мнозинството што ја поддржува имплементацијата на Договорот од Преспа, се истакнува во соопштението.
Тој информираше дека се очекува просецот да заврши во јануари, по што Република Македонија ќе може да го заземе заслуженото место во НАТО.
Во телефонскиот разговор со Столтенберг, премиерот Заев уште информирал дека паралелно продолжуваат да се спроведуваат реформите, вклучително и реформите на безбедносниот сектор, и дека институциите во земјата имаат капацитет да ги спроведат сите потребни обврски што доаѓаат со полноправното членство во НАТО.