Македонија 05. декември 2020. / 20:46

Заев: Таман работа да му се лутам на Црвенковски

Заев: Таман работа да му се лутам на Црвенковски

Не му се лутам на Бранко Црвенковски за реакцијата, напротив тој треба да биде активен, рече премиерот Зоран Заев во гостување на радио емисијата „Стадион“ на Канал 77.

– Таман работа ако му се лутам,. Тоа знаење кое е втемелено како и кај сите други политичари може да придонесат многу. Во ЕУ земјите како и во нашиот регион има такви претседатели, кои се уште се активни. За мене тоа е коректив на политиките – рече Заев во врска со писмото со критики кое поранешниот претседател на СДСМ го упати деновиве.

За тоа, дали стравува од смена од чело на партијата тој порача: Ако некој смета дека Заев треба да биде променет, бујрумте во април.