Македонија 09. февруари 2020. / 11:20

Заев: Тајмингот на добивање датум за почеток на преговори со ЕУ е од исклучителна важност

Заев: Тајмингот на добивање датум за почеток на преговори со ЕУ е од исклучителна важност

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на меѓународнаta конференција „Еден Балкан кон ЕУ“, нагласи дека тајмингот за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ е исклучително важен.

Заев истакна дека добивањето датум за преговори што е можно побрзо ќе направи огромна разлика.

Имаме целосна доверба дека лидерите на земјите членки на ЕУ ќе смогнат сили, ќе преземат одговорност и ќе ни ја дадат јасната европска перспектива, со што ќе ја вратат довербата во т.н. оживеан евроинтеграциски процес – изјави Заев во обраќањето.

 

Тој посочи дека недонесувањето на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ предизвикало големо разочарување и горчина, но истовремено, како што рече, го мотивирало да продолжи уште посилно да ја трансформира државата.

Поздравувајќи го новиот предлог односно новата методологија за пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ, Заев подвлече дека тоа за нас е суштински чекор во приближување на нашата земја до европското семејство.

Ќе ви докажеме и Вам почитувани пријатели и на ЕУ дека македонскиот нареод е за европска иднина, независно од различниот став на поединечни земји и ќе побараме од ЕУ да се обврзе на понатамошна поддршка во развојот на капацитеите и самите процеси. Ќе ви докажеме дека навистина работиме на тоа и ќе успееме да ја донесеме Европа дома – порача Заев од конференцијата.

 

Тој нагласи дека Македонија од пасивен учесник станала активен чинител во Берлинскиот процес и годинава е копретседавач заедно со Бугарија.

 

Според словенечка европарламентарка од социјал-демократската група, Тања Фајон, присуството на многу пријатели е доказ дека има голема меѓународна поддршка за тоа што се прави, особено со постигнатите историски договори.

Со новата методологија за проширување силно верувам дека во март ќе добиеме силна порака дека проширувањето продолжува и дека Северна Македонија и Албанија ќе ги отворат преговорите. Тоа е заедничка цел на сите нас – изјави Фајон.

Таа порача дека времето ќе покаже дали новата методологија ќе отвори повеќе блокади или ќе го забрза процесот на економска и културна соработка.

 

Според Илхан Ќучук, европратеникот од либералната група АЛДЕ и известувач за Македонија во ЕП, новата методологоја е политички процес, за нешто што досега било админстративен процес.

Затоа ЕК ја донесе новата методологија, зошто сака да го забрза овој процес. Во однос на новата реверзибилност на процесот, иако верувам дека владеењето на правото е важно, сепак мислам дека ме загрижува. Еу има проблеми внатре со земјите кои веќе се членки. Но, не треба да ги изнесуваме проблемите на Еу во Западен Балкан. Има потреба од реформа на еу, но не можеме да речеме на земјите од западен балкан чекајте тука ние треба реформи да правиме – изјави Ќучук.

Тој посочи дека ЕУ не е за една или друга политичка елита во некоја земја, туку за доброто на народот на државите.

Бугарија сака да има одговорна улога во еу. Затоа сакаме да ги убедиме европските партнери дека не смее да направиме втора грешка во Загреб, како таа во октомври – изјави Ќучук.

 

Тонино Пицула, хрватски европатеник од социјал-демократската група, рече дека сега главното прашање во ЕУ е како да се продолжи понатаму.

Иако многу од ЕУ рекоа дека треба прво да се реформира ЕУ за потоа да се проширува, јас не верувам во тоа. Сметам дека тоа се и треба да бидат паралелни процеси. Верувам дека Еу треба да остане на својот незавршен процес на проширување. Еу и Западен Балкан се блиску врзани, историски и културно – изјави Пицула.

Тој кажа дека носењето на новата методологија за два месеци е цврст доказ дека ЕУ може да делува брзо кога има потреба.

Проширувањето е геостратешка инвестиција. Силно поддржувам отворање на преговори со Северна Македонија и Албанија. Верувам дека годината ќе ја завршиме посјајно од тоа како ја почнавме – изјави Пицула.

Предизвиците на земјите од Западниот Балкан со кои се соочуваат на патот на евроинтегративниот процес е главна тема на меѓународна конференција „Еден Балкан кон ЕУ“, што e завршен настан на регионалната едукативна младинска програма „Прогресивна политика во Западен Балкан – ПрогВеБ“. Конференцијата е во организација на повеќе невладини организации од регионот: Прогрес – Институт за социјална демократија од Македонија, Фондацијата „Борис Дивковиќ“ од Босна и Херцеговина, Фондација „Ќемал Стафа“ од Албанија, Форум на леви иницијативи од Босна и Херцеговина и Центар за модерни вештини од Србија, поддржани од шведскиот Олоф Палме интернационален Центар и Меѓународната фондација на Центар партијата.