Македонија 17. јули 2019. / 12:51

Заев стои позади Јанева, се додека не се докаже дека е инволвирана во криминал

Заев стои позади Јанева, се додека не се докаже дека е инволвирана во криминал

Никој не е виновен додека не се докаже спротивното. Не е мое да коментирам истрагата за „Рекет“ која допрва треба да се докаже кој е виновен, истакна Заев на денешната прес-конференција.

-Може да бараат од опозиција да сменам добар министер. Сега Јанева не е таму, се чека закон да се избере нејзин наследник. Се додека не се докаже дека е инволвирана во криминал, стојам позади неа. Порано се ставаше се под тепих. Сега сите се обвинети или осомничени. Никој не е заштитен и спрема секој ќе има истрага ако се огрешил. Законот важи за сите. Дали бил близок до власта или власта го подржувала, сите се исти пред закон, вели Заев кој побара ОЈО да каже дали некоја странска држава му дала поддршка на бизнисмнот во „Рекет“.

-Причини за смена се сестрани. Нереализација на капитални инвестиции, недоволна транспарентност, послаб менаџмент, замерки од меѓународни организации. Сметам дека промени се здрави за државата и треба да бидеме подобар сервис на граѓаните, истакна Заев за сменетите диркетори на јавни претпријатија.