Македонија 01. ноември 2019. / 18:45

Заев–Стерјовски: Перспективите на Македонија и Албанија се во ЕУ и во НАТО

Заев–Стерјовски: Перспективите на Македонија и Албанија се во ЕУ и во НАТО

Премиерот Зоран Заев и првиот пратеник на македонското малцинство во Албанија, Васил Стерјовски, порачаа дека перспективите на Македонија и на Албанија се во ЕУ и во НАТО. Во нивната порака се наведува дека евроатлантскиот пат нема други алтернативи за земјите од регионот, затоа што само на тој начин се можни вистински демократски слободи и права на граѓаните во државите и економски и културен развој согласно европските вредности.

На средбата заедничка била и оценката дека добрите пријателски односи меѓу двете земји отвориле можности за надминување на повеќе наследени состојби од минатото и шанси за ефикасно работење на гранични премини, подобрување на инфраструктурата и образовни унапредувања во местата каде што живеат граѓани од македонското национално малцинство во Албанија.

Стерјовски, кој од скоро е и нов претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, партијата на македонското национално малцинство во Албанија, се заблагодарил за поддршката на премиерот Заев и на Владата.