Македонија

Заев: Сработивме и заслужуваме кристално чиста препорака од ЕК

Заев: Сработивме и заслужуваме кристално чиста препорака од ЕК

Факт е дека сработивме и навистина Македонија заслужува кристално чиста препорака од Брисел – изјави денеска премиерот, Зоран Заев во пресрет на објавувањето на извештајот на Евроспката комисија и доаѓањето во Скопје на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини и еврокомесарот, Јоханес Хан.

„Важни ми се зборовите во таа препорака, затоа што тоа за нас е или охрабрување или обесхрабрување. Тоа е важно и за граѓаните и за сите вклучени во реформските процеси. После оваа препорака Македонија продолжува со реформите. И навистина ако биде потврдено тоа што е сработено, очекуваме да добиеме кристално чиста препорака. Верувам дека заслужено ќе ја добиеме и тоа ќе биде дополнителна мотивација да продолжиме понатаму со реформите“, изјави Заев по завршувањето на денешното судско рочиште за „Поткуп“.