Македонија 07. декември 2019. / 13:15

Заев советуваше да не се прави драма од илјадниците евра хонорари за СЈО, а сега се фали дека секој денар е добредојден за граѓаните

Заев советуваше да не се прави драма од илјадниците евра хонорари за СЈО, а сега се фали дека секој денар е добредојден за граѓаните

Секој ден плус е важен, секоја илјадарка плус е добредојдена – напиша премиерот, Зоран Заев на „Фејсбук“, поздравувајќи го почетокот на исплатата на 186 милиони денари од УЈП на граѓаните кои скенираа сметки преку проектот МојДДВ.

– До крајот на следната недела целосно ќе биде завршен повратот од оваа фаза. Граѓаните не само што станаа даночни инспектори и помагаат во сузбивање на сивата економија, туку гледаат и директен бенефит по нивниот џеб. Парите ќе легнат на личните сметки за прв пат оваа недела, но ќе продолжат во редовни интервали и во следната година. Ова е уште еден од начините како државата преку оваа Влада враќа парите назад кај граѓаните! – порача премиерот во заминување.

Сепак, ваквиот став на Заев е различен од тоа што тој го изјави неодамна, кога јавноста реагираше на огромните плати и додатоци кои ги добивале специјалните обвинители на СЈО.

Тогаш, Заев инсистираше дека не треба да се прави драма од тоа што обвинителите на СЈО си поделиле илјадници евра.