Македонија 19. октомври 2019. / 10:05

Заев со обраќање во 12 часот

Заев со обраќање во 12 часот

Премиерот Зоран Заев денеска точно напладне во 12 часот ќе одржи прес-конференција.

Иако, темата за прес-конференцијата не е соопштена од страна на ПР службата во Владата, јавноста очекува тој да даде одговор по недобивањето датум за преговори со Европската унија.

На самитот на лидери на ЕУ во Брисел, Франција го блокираше доделувањето датум за пристапни преговори со Македонија и Албанија.