Македонија 12. февруари 2021. / 14:16

Заев со нова поддршка за „Мериот“: Ова е време партиите да прават конгреси

Заев со нова поддршка за „Мериот“: Ова е време партиите да прават конгреси

Пред малку заврши граѓанскиот судскиот процес во кој премиерот Зоран Заев го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за клевета. Николоски изјави дека Заев е врвот на пирамидата во случајот Рекет, по што премиерот го тужи.

По процесот изјава даде и лидерот на владејчката партија Зоран Заев пред судот. На прашање што мисли околу реформите во ВМРО-ДПМНЕ тој рече дека убаво е да има реформи во секоја партија, а дека тој пред се е посветен на работата на неговата партија.

Тој рече дека нема вмешаност во ВМРО-ДПМНЕ, но дека очекува силна опозиција.

– Ние правиме избори, може и ВМРО-ДПМНЕ да прави избори, рече Заев алудирајќи дека ова е време партиите да прават конгреси.

На новинарско прашање, тој рече дека со Сашо Мијалков се нема видено неколку години.