Премиерот Зоран Заев се огласи на социјалните мрежи со видео обраќање по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел, вчера во Берлин.
Со канцеларката Меркел беше имавме срдечна и пријателска средба каква што личи меѓу земји – стратешки партнери. Северна Македонија го испорача очекуваното и на нас се гледа во многу позитивно светло. Канцеларката Меркел информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на Унијата, вели Заев