Со гордост го чествуваме 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, напиша лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот фејсбук профил.
-9-ти мај е датум кој е силно врежан во европската историја. Пред 75 години, во 1945 година, на овој ден, Европа го победи фашизмот и стави крај на едно мрачно поглавје, а пред 70 години, во 1950 година, преку Декларацијата на Роберт Шуман, Европа отвори ново светло поглавје на соработка и обединување.
Денес со гордост ги празнуваме овие два значајни јубилеја, како држава изградена на антифашизмот и држава дел од обединувачката мисија на Европската Унија. На овој ден, со гордост оддаваме почит кон нашето херојско минато и со одлучност чекориме кон иднината. Кон силна, слободна и обединета Европа за која сонуваа нашите предци, за која сонуваше и Роберт Шуман.
Нека е честит Денот на победата над фашизмот!
Нека е честит Денот на Европа!, напиша Заев на Фејсбук