Македонија 17. мај 2018. / 11:36

Заев: Со Ципрас веруваме дека ќе најдеме решение кое ќе го штити достоинството на сите граѓани

Заев: Со Ципрас веруваме дека ќе најдеме решение кое ќе го штити достоинството на сите граѓани

Премиерот Зоран Заев се сретна со премиерот на Грција Алексис Ципрас во рамките на самитот ЕУ-Западен Балкан, што се одржува во Софија, Бугарија.

Како што соопшти Владата, двајцата премиери разговараа за актуелниот момент во разговорите за проблемот што Република Грција го има со уставното име на Република Македонија, и за можностите да ги доближат разликите за решение прифатливо за двете страни.

„Македонија и Грција го зајакнуваат пријателството. Со премиерот Ципрас веруваме дека можеме да најдеме решение кое го штити достоинството на граѓаните во двете држави“, порача премиерот Зоран Заев на социјалната мрежа „Фејсбук“ во врска со средбата која што се одржува во Софија.