Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на сите христијански верници, кои го слават Велигден по Грегоријанскиот календар им го честита големиот празник Воскресение Христово – Велигден.
Во мое име и во име на СДСМ Ви го честитам големиот празник Велигден!, се вели во честитката.
-Посакувам светлиот празник да го поминете во спокој и мир, со добро здравје. Симболот на воскресението Христово, победата на животот над смртта и жртвувањето за општото добро нека бидат дополнителен мотив да се соочиме со предизвиците кои се пред нас и да успееме. Значењето на Велигден охрабрува, заедно да се избориме против невидливиот непријател и повторно да победи животот. Останете дома, заштитете се себеси и своите најблиски. Животот ја победи смртта, Христос воскресе, стои во честитката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.