Македонија 10. август 2019. / 12:04

Заев: Со Боки 13 не правевме муабет за рекет, туку за хуманитарни активности

Заев: Со Боки 13 не правевме муабет за рекет, туку за хуманитарни активности

Премиерот Зоран Заев реагира дека сo првосоомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 не правел муабет за рекетирање туку за хуманитрани активности.

Најостро, категорично и одговорно отфрлам било каква поврзаност, соработка или комуникација со осомничениот Бојан Јовановски во врска со случајот “Рекет” и за било какви други прашањата кои се предмет на истрагата за овој случај. Со Бојан Јовановски единствено имам разговарано за хуманитарни активности на неговиот Меѓународен сојуз, после што ниту јас ниту Владата не сме имале никаква натамошна соработка, ниту формална, ниту неформална. Се имам појавено и на интервјуа во 1тв, како што редовно се појавувам на сите други телевизии и медиуми, во интерес на отвореноста кон јавноста, напиша Заев на фејсбук.