Македонија 06. јуни 2019. / 16:26

Заев: Сите опции за предвремени избори се во игра

Заев: Сите опции за предвремени избори се во игра

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека сите опции околу предвремени парламентарни избори се во игра. Ќе се чека одлуката на Европскиот совет, во јуни или јули па потоа ќе одлучи дали ќе се оди на предвремени избори, дали ќе има реконструкција на Владата или ќе се бира целосно нова Влада.

Следната недела Заев ќе оди во Берлин на средба со канцеларката Ангела Меркел, во обид да ја убеди Германија да даде зелено светло за земјава да добие датум за почеток на преговори.