Македонија 24. јануари 2021. / 15:10

Заев: Сите детали што ги имав за „Монструм“ беа споделени со СЈО

Заев: Сите детали што ги имав за „Монструм“ беа споделени со СЈО

Сите детали коишто сум ги имал за случајот „Монструм“ се споделени со СЈО, рече во одговор на новинарско прашање премиерот Зоран Заев.

Како што кажа тој, благодарение на тие информации случајот бил повторно отворен.

„Драго ми е што овозможивме преку достава на нелегално прислушкувани материјали се овозможи повторување на процеси со коишто се открива самата вистина за случаи за коишто имаше интерес јавноста“, рече Заев.