Македонија 28. ноември 2019. / 14:39

Заев: Штетата предизвикана од прославата на „Шверцери“ во МНТ е 3.965 евра

Заев: Штетата предизвикана од прославата на „Шверцери“ во МНТ е 3.965 евра

Денеска премиерот Зоран Заев рече дека проценетата штета од прославата на навивачката група „Шверцери“ во МНТ е 3.965 евра.

Одговарајќи на пратеничко прашање, тој рече дека веќе е направен записник од работна група за утврдување на одоворноста, но не успеал да го види и само ги кажа штетите што се веќе утврдени.

-Откорнати тапацири на потпирачи на 5 столици во вкупна вредност од 125 евра, откорнати ногарки на столици од лежиште во вредност од 3.000 евра, откорнати парафети на галериите од 10 метри и од 2 метри, во вредност од 240 евра, искршени орнаменти во вредност од 200 евра, искршени 5 подни светилки и дупки на теписон од цигари. Вкупната штета е 3.965 евра – посочи Заев.

Тој истакна дека кога ќе се утврди одговорноста, тогаш оваа материјална штета ќе се надомести, но Заев рече дека поголема е онаа духовната што е нанесена.

-Националниот театар е отворен за сите и сите треба да го користас, но се знае под какви услови. Од тоа треба да произлезе и одворноста што ќе биде објавено кога ќе се утврди – рече Заев.