Македонија 30. декември 2020. / 19:10

Заев: Секој граѓанин ќе може да одгледува 2-3 стебла марихуана под контрола на агенцијата

Заев: Секој граѓанин ќе може да одгледува 2-3 стебла марихуана под контрола на агенцијата

Премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница за пратенички прашања, одговораше прашањата на неговиот сопартиец Јован Митрески околу Законот за марихуаната.

Премиерот рече дека потрено е прво сериозна дебата, за да се слушне и гласот на народот, иако негов личен став е дека треба да се случи поскоро.

-Целта е да го слушнеме народот, дали мисли дека треба да одиме понатаму со таа постапка. Лично сметам дека за 0,5 грама за лична употреба, не треба да се одговара, рече Заев кој уште еднаш потврди дека легализацијата се прави за развивање на угостителството и туризмот.

Премиерот кажа дека тоа нема да биде привилегија само на богатите.

-Нема да биде привилегија на богатите. Целта е да се овозможи на секој граѓанин по 2-3 стебла под контрола на агенцијата која е предвидена во самиот закон, да може да се користи за сопствена потреба, изјави Заев.