Секое одложување на изборите е на штета а здравјето на граѓаните, на штета на економијата и на демократијата. Лесно е да се направи разлика меѓу оние што само се повикуваат на здравјето и оние што преземаат конкретни чекори да го заштитат, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за „мкд.мк“.
Заев очекува ВМРО-ДПМНЕ да учествува на овие избори, за кои, како што нагласува, заеднички се договориле да се одржат на 12 април, по што опозицијата влезе и во техничката влада со свои кадровски решенија.
Поради кризата ги замрзнавме изборните активности и ги одложивме изборите. Согласно со законските одредби, штом заврши вонредната состојба, продолжууаат и изборните активности – истакнува во интервјуто Заев.