Премиерот Зоран Заев, во недостаток на реализирани проекти и дела, почна да промовира стари остварувања, кои тој не ги има направено.
Заев и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, вчера присуствуваа на свеченост по повод пуштање во употреба објекти за снабдување со здрава и квалитетна вода за пиење во општина Пробиштип.
Премиерот Заев посочи дека со ова се решава проблемот со водоснабдувањето за жителите на општината и додаде дека проектот во вредност од 1.200.000 евра е остварен со учество од 600.000 евра од Владата и исто толку од владата на Словенија и словенечкиот Центар за меѓународен развој и соработка.
-Со намера оваа поддршка да добие уште поцврста системска структура, на една од последните седници на Владата донесовме одлука за формирање меѓуресорска работна група задолжена за обезбедување натамошен квалитетен развој и имплементација на процесот на децентрализација и на рамномерниот регионален развој, рече Заев.
Сето ова ќе беше нешто за кое премиерот заслужува пофалба, но овој проект е реализиран далечната 2013-та година. Филтерстаницата која вчера ја промовираше премиерот е во функција веќе шест години.
Изгледа, при посетата на Пробиштип, Заев сфатил дека таму нема што да промовира бидејќи откако “дојде животот“ не е остварено ниту едно големо ветување за пробиштипјани. Нема проекти, нема инвестиции.
Инвестицијата која ја посети Заев е на инвеститор дојден во време на ВМРО-ДПМНЕ. Договорите беа склучени и промовирани од високи претставници на минатата Влада.
По настанот се огласија и од ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат: