Македонија 03. јули 2020. / 16:48

Заев: СДСМ е посветена на обнова на инфраструктурата, ВМРО-ДПМНЕ е посветена на обнова на режимот

Заев: СДСМ е посветена на обнова на инфраструктурата, ВМРО-ДПМНЕ е посветена на обнова на режимот

Конечно е реконструиран и обновен мостот на реката Вардар, кај населеното место Удово.  Тој е многу значајна точка во поврзувањето на југоисточниот дел со остатокот од државата. Мостот сега е побезбеден, пофункционален и обезбедува побрз сообраќај, напипа Зоран Заев на Фејсбук.

Додека СДСМ е посветена на обнова на инфраструктурата, ВМРО-ДПМНЕ е посветена на обнова на режимот. Додека СДСМ гради и обновува мостови на соработка и поврзување, ВМРО-ДПМНЕ гради ѕидови на поделби и изолација, напиша Заев